На 3 декември 2025, со просториите на Центарот за социјални претпријатија во Скопје, се одржа консултативна средба со претставници од клучните засегнати страни, вклучувајќи претставници од Одделот за централно финансирање и склучување договори (ЦФЦД), Центарот за управување со кризи (ЦУК), Хидрометеоролошката служба (ХМС), Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) експерти и членови на проектниот тим.
На средбата беше презентиран напредокот на тековите проектни активности:
Активност 1: Комплетирање на законската рамка за управување со ризици од поплави – Кратко објаснување на табелата за неусогласеност и презентација на опции за развој на измени на законодавството;
Активност 2: Зајакнување на административните капацитети, пристап до информации и информирање на јавноста – Препораки од Планот за институционален развој; и
Активност 3: Прелиминарни процени на ризик од поплави за сите (10) речни подсливови – Презентација на барањата од Директивата за поплави на ЕУ и презентација на прелиминарни процени на ризик од поплави во речениот подслив на Среден Вардар.
Експертот Тони Поповски даде детален преглед на препораките од Планот за институционален развој кој јасно ги мапира институционалните улоги и воспоставувањето механизми за координација што ќе обезбедат усогласување меѓу министерствата, другите национални институции и агенции, општините и сите други засегнати страни. Согледувајќи ги моменталните празнини во организациските ресурси и капацитети, планот ги истакнува целните мерки за градење институционални компетенции преку обука, регрутирање и техничка поддршка. Исто така, се осврнува на итната потреба од робусна правна и регулаторна средина што го хармонизира националното законодавство со законодавството на ЕУ, овозможувајќи доследна примена на политиките за ризик од поплави и нивно спроведување на сите нивоа на власта.
Експертката Јадранка Иванова ги претстави наодите од Табелата на неусогласеност, во која јасно се идентификуваат разликите помеѓу тековните национални практики и барањата на Директивата на ЕУ за поплави во областите што бараат правно или оперативно подобрување. Тие исто така презентираа и опции за можни измени на законската регулатива.
Експертите од Шпанија, Хозе Гарсија Коба и Марија Хозе Хернандез Торехон, детално ги презентираа чекорите што ги бара Директивата за поплави на Европската Унија, како и чекорите за подготовка на прелиминарните процени на ризик од поплави за средновардарскиот речен подслив.
Проектот „Унапредување на имплементацијата на Директивата за поплави на ЕУ преку хармонизација на националното законодавство и подготовка на планови за управување со ризикот од поплави“ е поддржан од Европската Унија и кофинансиран со средства од буџетот на Република Северна Македонија, за крајниот корисник Министерство за животна средина и просторно планирање.
















