Информации за проектот

Проект: Подобрена имплементација на Директивата на ЕУ за поплави преку хармонизација на националното законодавство и подготовка на планови за управување со ризици од поплави

Референтен број: NEAR/SKP/2023/EA-RP/0174

Финансирано од: Европска Унија

Договорен орган: Оддел за централно финансирање и склучување договори (CFCD), Министерство за финансии, Република Северна Македонија

Корисник на проектот: Министерство за животна средина и просторно планирање,

Имплементација на проектот од: EPTISA Southeast Europe d.o.o и нејзиниот конзорциум

Времетраење на проектот: 30 месеци (02/2025 – 08/2027)

Шестиот состанок на Управниот одбор на проектот (УОП) на проектот финансиран од ЕУ „Унапредување на имплементацијата на Директивата за поплави на ЕУ преку хармонизација на националното законодавство и подготовка на планови за управување со ризикот од поплави“ се одржа на 22 септември 2026 година во х. Солун во Скопје.

На состанокот учествуваа клучните засегнати страни, вклучувајќи претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), Одделот за централно финансирање и склучување договори (ЦФЦД), Хидрометеоролошката служба (ХМС), Министерството за европски прашања (МЕА) и членови на проектниот тим. Учесниците го разгледаа напредокот постигнат во периодот февруари – мај 2026, и разговараа за планираните активности за следните шест месеци од имплементацијата на проектот.

Експертите од проектот дадоа преглед на работата извршена во првиот квартал од 2026 година, истакнувајќи ги подготвителните чекори преземени за усогласување на националното законодавство на Северна Македонија со Директивата на ЕУ за поплави и поставување на темелите за ефикасно планирање на управувањето со ризици од поплави.

Проектот ја најави и втората меѓународна студиска посета, овој пат  во Шпанија, која е планирано да се реализира во текот на ноември 2026. Студиската посета е една од клучните активности на проектот, со цел да го подобрат институционалното знаење и капацитет преку размена на искуства со земјите членки на ЕУ во управувањето со ризикот од поплави и спроведувањето на Директивата на ЕУ за поплави.