Третиот состанок на Управниот одбор на проектот (УОП) на проектот финансиран од ЕУ „Унапредување на имплементацијата на Директивата за поплави на ЕУ преку хармонизација на националното законодавство и подготовка на планови за управување со ризикот од поплави“ се одржа, денеска, 17 октомври 2025.
Во присуство на претставници од клучните засегнати страни, вклучувајќи претставници од Одделот за централно финансирање и склучување договори (ЦФЦД), Центарот за управување со кризи (ЦУК), Хидрометеоролошката служба (ХМС), Министерството за европски прашања (МЕА), Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) и членови на проектниот тим, учесниците го разгледаа напредокот постигнат со проектот во периодот јуни – септември 2025. Учесниците разговараа и за планираните активности за следните шест месеци од имплементацијата на проектот.
Експертите од проектот дадоа детален преглед на работата извршена во клучните проектни активности за усогласување на националното законодавство на Северна Македонија со Директивата на ЕУ за поплави.
Проектот систематски собра и темелно ги разгледа сите достапни информации и национална документација поврзана со законодавството за управување со ризици од поплави. Врз основа на овој сеопфатен преглед, проектот спроведе анализа за проценка нивото на имплементација и спроведување на постојното национално законодавство за управување со поплави, како и степенот на усогласеност со Директивата на ЕУ за поплави. Наодите од оваа анализа се сумирани во детална, јасна и концизна табела што ја илустрира (не)усогласеноста помеѓу националното законодавство и барањата на ЕУ.
Проектот исто така ја презентираше и успешната Студиска посета на Словенија за размена на најдобрите практики на ЕУ за управување со поплави, на која претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање, Центарот за управување со кризи, АД Водостопанство, Управата за хидрометеоролошки работи и членови на проектниот тим се запозна со сеопфатниот систем на Словенија за заштита и помош од катастрофи, кој вклучува управување со природни и други катастрофи, обезбедување помош на погодените заедници, проценка на штетите, противпожарна заштита и санација по катастрофи.
Во текот периодот јуни – септември 2025, проектот продолжи со развивање методологија за Прелиминарна процена на ризик од поплави. Според оваа проценка, за 7 речни сливови се идентификувани нови области со потенцијално значаен ризик од поплави. Работата на следните три сливови моментално е во завршна фаза.
Состанокот на УОП ја потврдува ја посветеноста на сите вклучени институции за зајакнување на отпорноста на Северна Македонија на ризици од поплави и унапредување на нејзиното усогласување со европските стандарди за животна средина.











