На 30 април 2026, во х. Солун во Скопје, се одржа консултативна средба со претставници од клучните институции вклучени во управувањето со поплави.
Пред претставниците од Центарот за управување со кризи (ЦУК), Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Центарот за управување со кризи (ЦУК), АД Водостопанство, Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), експерти и членови на проектниот тим беа претставени постигнувањата во проектните активностите 4, 5 и 7.
- Активност 4 – Подготовка на карти на опасност од поплави и карти на ризик од поплави за сите 10 речни подсливови – ПИЛОТ ПРОЕКТ: Река Треска во Кичево
- Активност 5 – Мапирање на порои и свлечишта
- Активност 7 – Започнување на активностите за развој на план за имплементација на Систем за рано предупредување од поплави
Експертот Драган Ивановски даде детален преглед на сеопфатниот процес на подготовка на карти на опасност од поплави и карти на ризик од поплави, преку практичен пример за сливот на реката Треска.
Процесот на мапирање порои и свлечишта го претставија експертите Иван Блинков и Милорад Јовановски.
Преку илустративен пример, експертот Перо Латкоски го претстави моделот за план за имплементација на Систем за рано предупредување од поплави.
Проектот „Унапредување на имплементацијата на Директивата за поплави на ЕУ преку хармонизација на националното законодавство и подготовка на планови за управување со ризикот од поплави“ е поддржан од Европската Унија и кофинансиран со средства од буџетот на Република Северна Македонија, за крајниот корисник Министерство за животна средина и просторно планирање.









